Црна хроника
Африм Исмаиловиќ и Алил Демири нема да бидат екстрадирани во Македонија
Осудените на доживотен затвор за случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ нема да бидат екстрадирани во Македонија по одлуката на Судот во Приштина да не се дозволи екстрадиција на осудените во Македонија.
Демири и Исмаиловиќ ја одлежаа две и полгодишната затворска казна во Косово за нелегално поседување на оружје и сега се на слобода, иако во Македонија се осудени на доживотна казна затвор за петкратниото убиство кај Смилковското езеро.
Тие единствено може да бидат екстрадирани во Македонија, ако го напуштат Косово, односно бидат најдени во друга земја.
„Во однос на меѓународната потерница за лицата Африм Исмаиловиќ и Алил Демири издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, која се уште е активна доколку истите лица бидат најдени во трета земја, надвор од границите на Република Косово и Република Македонија, ќе се постапи по барањето за екстрадиција на Министерството за правда на Република Македонија.Одговорот од косовските власти е испратен до Министерството за правда на Република Македонија“ соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.
Судот во Приштина уште на 29 октомври минатата година не дозволил екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ и им го продолжил притворот до моментот кога одлуката за одбивање на екстрадицијата не стане конечна.Апелациониот суд во приштина на 22 јануари оваа гoдина ја одбил жалбата како неоснована и Демири и Исмаиловиќ се ослободени. „Бидејќи советот на Апелациониот суд во Приштина оценил дека екстрадицијата не е дозволена кон бараните лица Африм Исмаиловиќ и Алил Демири е запрена мерката притвор согласно одлуката од 22.01.2016 година, истиот ден“, се вели во одлуката на Судот.Од Министерството за правда во Македонија кое е надлежно за екстрадицијата се уште нема никакви информации за случајот./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.