Црна хроника
Агенција за обезбедување од Скопје затаила 383.000 евра данок
Агенција за обезбедување од Скопје затаила данок од 383.000 евра со фалсификувани фактури од странство. Против сопственикот на агенцијата и против уште едно лице е поднесена кривична пријава за „даночно затајување,„фалсификување или уништување на деловни книги“ и „помагање“, соопшти Финансиска полиција.
Агенција за обезбедување од Скопје во 2004 година склучила договор за вршење на услуги за обезбедување на простории и лица на странска мисија од каде на месечно ниво инкасирала поголема сума на пари.
Со цел избегнување на давачките кон државата и присвојување на целокупниот износ кој му бил исплатуван од страна на странската мисија, сопственикот Б.У(48) од Скопје потпомогнат од В.Н(56) организирал шема со отворање на фирми во странство на кои им отвориле нерезидентни сметки во Македонија кои требало да се користат за извлекување на парите во кеш.
Започнувајќи од 2004 година па сѐ до 2010 година, сопственикот на Агенцијата, парите што ги примил по основ обезбедување од странската мисија во Скопје, во повеќе наврати ги трансферирал на нерезидентни сметки на странски фирми во една иста банка во Македонија на која овластен потписник е лицето В.Н.
Како основ за плаќање кон странските фирми биле користени фалсификувани фактури од странските фирми за наводно извршени услуги – обезбедување за потребите на странската мисија во Скопје со која Б.У. имал склучено договор.
Од Финансиска полиција соопштија дека индикативо за пронајдените фактури е тоа што иако се наводно издадени од различни фирми од различни земји, сите имаат буквално идентична содржина што укажува дека се креирани од исто лице со единствена цел даночно затајување и оштетување на Буџетот на Република Македонија.
По извршената контрола на нерезидентните сметки, Финансиската полиција утврдила дека сите трансфери на пари кои се пристигнати од Агенцијата за обезбедување уште истиот или најдоцна наредниот ден се извадени во кеш од страна на В.Н. кој откако ќе си го задржел својот дел од пленот, истите му ги предавал на сопственикот на Агенцијата кој понатаму ги користел за свои лични потреби.
Преку криминалните дејства е затаен данок во вредност од 383.000 евра. Против сопственикот на Агенцијата и против лицето В.Н. до надлежното јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава за „даночно затајување“, „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „помагање“.
Финансиската полиција ќе ја продолжи истрагата за случајот со цел да утврди дали и други лица се инволвирани во матните зделки на пријавените.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.