Црна хроника
Албанец сакал да патува во Бугарија со пасош со скинати страници
Момче од Албанија, сакало со скинати страници од пасош да премине граница кон Бугарија, соопшти МВР.
Момче од Албанија, сакало со скинати страници од пасош да премине граница кон Бугарија, соопшти МВР.
Имено, во среда во 2.15 часот на Граничниот премин „Деве баир“ на излез од Македонија, полициски службеници се посомневале за фалсификувана патна исправа.
Ж.А.(26) од Р.Албанија е приведен, затоа што при проверка во пасошот утврдено е дека недостасуваат страници, на кои претходно имало внесено забрана за влез во земји членки на ЕУ.
Тој е предаден во полициската станица во Крива Паланка за понатамошна постапка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.