Црна хроника
Албанската полиција заплени над 800 кг. марихуана сокриена во чамец
– фото илустрација
Албанската полиција заплени 808 килограми дрога од типот марихуана – канабис сатива во еден моторен чамец на крајбрежјето кај Валона, јави дописникот на Макфакс.
Албанската полиција заплени 808 килограми дрога од типот марихуана – канабис сатива во еден моторен чамец на крајбрежјето кај Валона, јави дописникот на Макфакс.
Моторниот чамец долг осум метри бил подготвен за да отплови кон Италија кога полицијата добила информации и истиот го запленила.
Дрогата била пренесена до чамецот во едно комби возило, јави албанското МВР.
Во акцијата едно лице, албански државјанин е притворено, а по уште две лица се трага.
Станува збор за пресечување на еден организиран меѓународен шверцерски канал со дрога, кој подолг период пренесувал дрога од Албанија во Италија со моторни чамци. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.