Црна хроника
Албански државјанин продавал дрога во Кичево
Албански државјанин од Елбасан продавал дрога на наркозависници во Кичево, соопшти МВР.
На 19 ноември при претрес на куќа на улица „11 септември“ во Кичево, каде албанскиот државјанин престојувал привремено, пронајдени се 40,7 грама наркотична дрога марихуана. Во кутија за цигари оставена во својата јакна пронајдени се две мали пакувања со марихуана, додека две најлонски паковки тој сокрил под саксијата за цвеќе во една од собите од куќата.Претресот го извршија полициски службеници од инспекторатот за недозволена трговија по претходна писмена наредба од судија во претходна постапка. Одземената марихуана е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Против дваесет и двегодишниот дилер е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.