Црна хроника
Албански државјанин се обидел да силува продавачка во Кичево
Албански државјанин во средата се обидел да силува продавачка во бутик во Кичево.
Продавачката на возраст од 39 години пријавила дека утрото околу 10 часот, непознато лице влегло во продавницата и побарало да купи јакна. Кога продавачката го услужила, лицето ѝ се доближило и почнало да ја допира по градите. Продавачката успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија, но сторителот ја следел. Истата земала нож со намера да се одбрани, но тоа напаѓачот отстапувал од намерата. Во моментот кога се појавила другата вработена, сторителот почнал да се извинува, излегол од продавницата и заминал во непознат правец. Кичевската полиција привела едно лице од Албанија, а се преземаат мерки за пронаоѓање на уште едно лице, исто така, од Албанија, за кое постојат основи на сомнение дека го извршил кривичното дело. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.