Црна хроника
Апелација ги намали казните за осудените за кражбата во Музеј на Македонија
Апелациониот суд ги намали казните за седуммината осудени за кражбата на артефакти во Музеј на Македонија и ја укина првостепената пресуда во делот во кој три лица беа осудени за кривичното дело Отуѓување на културно наследство од особена значење во државна сопственост од и во тој дел предметот се враќа на повторно судење.
Програмскиот директор на Археолошкиот музеј при НУ Музеј на Македонија и кустос, Златко Видески кој беше осуден на шест години и осум месеци затворска казна, со пресудата на Апелација се осудува на казна затвор во траење од две години и шест месеци.Затворската казна во траење од три години за ракувачот на депото во Музејот, Софка Кушовска-Сафитли , Апелациониот суд ја намали на две години и шест месеци.Казната затвор за поранешниот директор на Музејот на Македонија, Перо Јосифовски, кој беше осуден на казна затвор во траење од осум години и осум месеци е намалена на две години и три месеци. Казната затвор за златарот Часлав Кузмановиќ, кој беше осуден на затворска казна во траење од седум години и осум месеци е намалена на две години и шест месеци. На останатите тројца осудени им се намалува казната на девет месеци, а на сите им се засметува времето поминато во притвор.Во ноември 2013 година Министерството за внатрешни работи обелодени дека од Музејот на Македонија се украдени 162 артефакти.Дел од обвинетите беа осудени за несовесно работење и постапување со депоата на Музејот на Македонија, а друг дел од обвинетите како членови на Комисијата за откуп на музејски материјал при НУ Музеј на Македонија, се товарат за противзаконски откуп на монети. Сторителите на кражбата сѐ уште не се најдени./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.