Црна хроника
Апелациониот суд ќе ги разгледува жалбите за случајот Кежаровски
Апелациониот суд во Скопје во петок на Јавна седница ќе ги разгледува жалбите на осудените во случајот Ликвидација во којшто му се суди на новинарот на весникот „Нова Македонија, Томислав Кежаровски, судии, обвинители, адвокати
Кежаровски е во домашен притвор сè до правосилноста на пресудата за случајот. Кривичниот суд го осуди новинарот на 4,6 години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше.
Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски во средата во 12.05 положи цвеќе на плоштадот „Карпошово востание“ во знак на сеќавање на протестите на новинарите кои се одржаа минатата година кога полициските сили ги спречија да одржат мирен протест пред Музејот на македонската борба.
Ослободување на Кежаровски побараа и Меѓународната федерација на новинари (IFJ) и Европската федерација на новинари.
Одлуката на судот не се знае кога ќе биде донесена./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.