Црна хроника
Авганистанец и неговото бебе загинаа во железничка несреќа
Мигрант од Авганистан и неговото бебе загинаа во железничка несреќа што се случи синоќа околу 22.30 часот на железничката пруга Скопје -Гевгелија, кај местото Јаворица, соопштуваат од МВР.
Авганистанецот бил на возраст од 20-25 години, а неговиот син имал околу 45 дена. Несреќата се случила додека поголема група авганистански државјани кои нелегално влегле во Македонија, ја минувале железничката пруга. Во моментот наишол товарен воз кој ги прегазил младиот Авганистанец и неговото бебе.Во несреќата на самото место починале двете жртви. Деновиве, ова е трта по ред железничка несреќа во која загинаа мигранти во Македонија./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.