Контакт

Црна хроника

Автомобил пропаднал во река, возачот се удавил, уште седуммина тешко повредени во сообраќајки

Објавено пред

Автомобил марка „мерцедес бенз“ во четвртокот вечерта во 19 часот пропаднал во Бучимска река, а возачот на автомобилот се удавил. Други седум лица се тешко повредени во одделни сообраќајки што се случиле низ Македонија во понеделникот и во неделата.

dobivaj vesti na viber

Автомобилот „мерцедес“ се движел по магистралниот пат Радовиш – Штип, кога кај местото Пилав тепе, возачот изгубил контрола, излетал на левата страна во насока на движење надвор од коловозот каде се превртел во провалија и пропаднал во течението на Бучимска река, по што застанал превртен на кровот. Седумдесет и двегодишниот возач од село Брод, општина Новаци се удавил, додека тројцата сопатници останале неповредени.Во неделата во 20.20 часот се случила сообраќајка на регионалниот пат Струмица – село Вељуса – село Ангелцо. Се судриле два автомобили со струмички регистерски ознаки при што повредена е деветнаесетгодишна сопатничка од Скопје.Три автомобили учествувале во сообраќајка којашто во понеделникот наутро го блокираше сообраќајот на магистралниот пат Градско Прилеп. Со тешки повреди се здобиле двајца сопатници кои биле пренесени во кавадаречката болница.Автомобил„цитроен ксара“ со српски регистерски таблици се превртело во неделата попладне во 15 часот на автопатот Скопје – Тетово. Србинката која го управувал возилото се здобила со тешки повреди додека сопатничката се здобила со полесни повреди. Тешко повредена малолетничка има и во сообраќајка што се случила во понеделникот во Охрид меѓу автомобил „хјундаи“, управуван од седумдеет и едногодишен битолчанец, „фолсваген бора“ со кое управувало шеснаесетгодишно момче од Охрид и работна машина „рига“. повредено е седмнаесетгодишно девојче кое било сопатни „фолксвагенот“. Од болницата „Свети Еразмо“ повредената е пратена на хируршка интервенција во болницата „Систина“ во Скопје.Шеесет и тригодишна жена пешак е тешко повредена во сообраќајка што се случила во понеделникот во Тетово на крстосницата од улицата „Благоја Тоска“ и улицата „Борис Кидрич“. Камион „сканија“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(50) од Велес, удрило во пешакот Н.З. (65) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.З. и истата со екипа на Итната медицинска помош била пренесена во Клинички центар Тетово од каде поради сериозноста на повредите  како итен случај била препратена во Ургентен центар Скопје. /крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Србин претепал скопјанец по недоразбирање во сообраќајот

Објавено пред

Во 02.15 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.И.(26) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21.15 часот на 28.03.2024 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал Д.Ј.(21) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Притоа, Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар и им дозволиле да работат, кривична за шест лица

Објавено пред

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ, соопшти денеска МВР.

dobivaj vesti na viber

Во текот на март и април 2023 година, преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на Бит Пазар, Скопје, за кои било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, како што стои во соопштението, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

– Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра. Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, појаснуваат од МВР во соопштението.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж

Објавено пред

Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.

dobivaj vesti na viber

Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.

Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.

Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Нема докази дека уапсените за убиството на докторот се сторителите

Нема докази дека лицата кои беа приведени за убиството на докторот во Железара се сторителите. Од Обвинителството велат дека продолжуваат...

Регион4 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ4 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ6 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија7 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија8 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион9 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион9 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа9 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет9 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа10 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија22 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија24 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија1 ден

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....