Црна хроника
Автомобил се судри со автобус на „ Галеб“ во близина на Гостивар
Автомобил и автобус на транспортната компанија „Галеб“ се судриле утрово, околу 8 часот на магистралниот пат Охрид- Кичево- Скопје, кај Ново Село во близина на Гостивар.
Од охридското претпријатие изјавија дека нема повредени патници во автобусот и дека е причинета само материјална штета, јавува Охридњус.Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека во сообраќајната незгода е повреден возачот на патничкото возило, кој е пренесен во Општата болница во Гостивар.Во тек е увид на местото на незгодата со цел да се утврдат причините поради кои се случила. Поради наизменично пропуштање на возилата нема застој во сообраќајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.