Црна хроника
Автомобил се заби во врата од куќа во Битола,повредена девојка
Една девојка е потешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила во саботата по полноќ во Битола, кога автомобил удрил во врата од куќа и столб.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.Т. (25) од Битола и истата била пренесена во КБ-Битола за укажување на лекарска помош.
Возилото ПМВ„Рено Клио“ со битолски регистерски ознаки било управувано од И.Б.(24).
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од. СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.