Црна хроника
Автомобилска бркотница и престрелка на „Партизанска“, еден ранет
По полноќ кон вторникот на булеварот„Партизански одреди“ во централното подрачје на Скопје дошло до бркотница меѓу две возила, а според очевидци следела и престрелка во кое едно лице е повредено.
Очевидци велат дека две возила се бркале по „Партизанска“ во правец на населбата Ѓорче Петров, при што од едното возило било пукано кон возачот на брканиот автомобил кој загубил контрола и удрил во жардинера крај коловозот,во близина на болницата „Букурешт“ и се превртил.
Престрелката се случила на раскрсницата меѓу „Партизанска и „Париска“, при што било рането едно лице. Возачот бил пренесен со возило на Брзата помош во Ургентниот центар.
Според некои медиуми, станува збор за лице кое пред неколку месеци учествувало во физичка пресметка во угостителски објект во населбата Аеродром.
Полицијата во моментов врши увид и не дозволува пристап до местото на настанот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(30) и Н.Б.(41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.