Црна хроника
Автомобилст поврeди пешак во центарот на Битола и побегна
Во саботата навечер околу 19,45 часот во центарот на Битола се случи сообраќајна незгода на Широк сокак кај хотелот „Епинал“, која возач со своето возило ги скинал заштитните синџири пред хотелот удрил во пешак и побегнал.
Автомобил „рено меган“ со битолски регистарски таблички ги скинал синџирите, удрил во пешак и заминал во непознат правец, потврдија за Тера од СВР Битола. Од таму велат дека пешакот во безсознание е пренесен на Клиниката во Битола. Од болницата информираа дека пацинетот е на одделението за интензивна нега и реанимацијата.Инаку овие физички пречки се поставуваат на почетокот на летото со цел минувачите побезбедно да ја минуваат улицата. Забраната за сообраќај важи секој ден од 19 до 24 до 10 септември./крај/мф/вш
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.