Црна хроника
Баба починала при пад од тераса, Грк најден мртов во Битола
Во четвртокот во полицијата се пријавени два смртни случаи, и тоа на баба од Штип која паднала од тераса, и еден повозрасен човек од Грција, кој бил најден мртов на паркинг во Битола.
Имено, во четвртокот, 9 часот во Штип на улицата „Карл Маркс“, од зграда од втор кат паднала од тераса С.И. (1929), при што починала на лице место. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип.Истиот ден, во 20.15 часот во СВР-Битола, од екипа на итната медицинска помош Битола, пријавено е дека на улицата „Димитар Илиевски – Мурато“, на паркингот во кругот на хотел „Епинал“, покрај автомобил „Хонда“, пронајден е починат В.Б.К. (1939) од Грција. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.