Црна хроника
Бегалец убиен во тепачка меѓу мигранти на македонско-грчката граница
Еден бегалец е убиен, а двајца други се повредени денеска при тепачка меѓу имигранти на грчката страна од границата кон Македонија, објави електронското издание на атинскиот весник „Катимерини“.
Според весникот, тепачката, која се случила рано изутринава, започнала меѓу група имигранти кои чекале на границата за влез во Македонија. Причините за тепачката не се познати.„Катимерини“ наведува дека во последново деноноќие од Грција во Македонија преминале околу 2.000 бегалци, додавајќи дека минувањето на границата се одвива без застој.Неколку невладини организации и активисти реагираат затоа што бегалците не се сместуваат во времениот камп во пограничното село Идомени, туку чекаат на една бензинска станица на околу 20 километри од границата.Според грчката полиција, во времениот камп во Идомени се сместени околу 500 бегалци, додека на посочената бензинска станица чекаат 39 автобуси со вкупно 2.000 лица, кои чекаат да бидат префрлени во неутралната зона на границата меѓу Грција и Македонија. /крај/мф
Извор: МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка
Вчера во скопската населба Аеродром, по претходна расправија за паркинг, настанала физичка пресметка помеѓу И.С.(31) и М.Љ.(60), двајцата од Скопје, при што М.Љ. употребил и метален предмет, oбјави МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Кумановец го кршел инвентарот на бензинска пумпа, приведен е
Полицијата го приведе С.Д. (27) од Куманово затоа што на бензинска пумпа на улицата Доне Божинов во градот се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот.
С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Кривична против битолчанец, ставил под хипотека туѓ недвижен имот во Охрид и стекнал корист од 352 илјади денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот К. Р. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неизвршување судска одлука и самовластие.
„Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, става под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин стекнал противправна имотна корист од 352.000 денари“, велат од СВР Охрид.