Црна хроника
Битолчанец изгорел во пожар
Битолчанец изгорел во пожар којшто избувнал на катот на којшто живеел во куќа во Битола на улица „21-ва“.
Пожарот избувнал ноќеска околу 2 часот, а при неговото гаснење од Бригадата за противпожарна заштита Битола било пронајдено опожарено човечко тело, за кое било утврдено дека се работи за сопственикот на наведениот кат од куќата. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.
Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден кои ќе ги утврди причините за настанувањето на пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.