Црна хроника
Благајник од штипската клиничка болница проневерил 1,4 милиони денари
Главниот благајник во штипската клиничка болница, лани, присвоил 1,4 милиони денари, пари од пациентите, уплатени за полагање на стручен испит, вршење на лекарски прегледи за возачки дозволи, издавање на лекарско уверение, како и за препис на документација.
Главниот благајник во штипската клиничка болница, лани, присвоил 1,4 милиони денари, пари од пациентите, уплатени за полагање на стручен испит, вршење на лекарски прегледи за возачки дозволи, издавање на лекарско уверение, како и за препис на документација.
Управата за финансиска полиција до Основното Јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против П.М(54) од Штип, вработен како главен благајник во ЈЗУ Клиничка болница – Штип, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело проневера во службата.
Инспектори од Управата за финансиска полиција и СВР-Штип извршија контрола во благајничкото работење и сметководствената евиденција на ЈЗУ Клиничка Болница Штип при што е обезбеден годишниот контролен извештај за 2014 година од фискалната каса со која ракува пријавениот П.М(54).
По извршените споредби на реализираниот промет од фискалната каса со уплатените парични средства во благајната на ЈЗУ Клиничка болница Штип, констатирано е дека, пријавениот во повеќе наврати лично за себе ги присвојувал наплатените парични средства по основ на полагање на стручен испит, вршење на лекарски прегледи за возачки дозволи, издавање на лекарско уверение, како и за препис на документација.
Пријавениот П.М(54), во својство на службено лице, главен благајник во ЈЗУ Клиничка Болница Штип, во текот на 2014 година со ваквиот начин на работење успеал да проневери и лично за себе да присвои износ од околу 1,4 милиони денари за кој износ е оштетена Клиничката Болница во Штип.
Заради целосно расчистување на случајот, Финансиската полиција и СВР Штип веќе преземаат дополнителни активности со цел утврдување дали и во минатите години во Клиничката болница во Штип имало случаи на проневера на средства од наплатената партиципација од пациентите од страна на вработени во центарот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов- Ченто“ со сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.