Црна хроника
Богоевски поседувал телефонски снимки со кои ќе докажува дека е жртва на монтиран процес
Во дописот со кој се реагира на приведувањето во четвртокот навечер на отслужување затворска казна на поранешниот директор на Службата за државна безбедност, се тврди дека тој поседува снимени телефонски разговори со кои пред меѓународни судски инстанци ќе докажува дека е осуден во монтиран судски процес .
„„Обвинетиот располага со цврсти докази за притисоци што се вршени над судовите и по јавното обелоденување на телефонските разговори и други видови комуникација, ќе побара заштита од Меѓународниот суд за правда во Стразбур, бидејќи повеќе од јасно е дека се работи за школски пример на монтиран судски процес”, пишува во писмото на Богоевски.
„Уште еднаш, како и многупати досега во текот на судската постапка против Слободан Богоески, бевме сведоци на суспендирање на законите и непочитување на основните човекови права и слободи од страна на овластените лица, се вели во електронската порака испратена до медиумите, откако претходно медиумите објавија дека, ноќта во четвртокот е приведен од страна на полицијата за издржување затворска казна, а тој тврди дека без да знае дека рокот за доброволно пријавување му поминал на почетокот на февруари.
Одлуката дека му се одбива одлагање на издржување затворска казна била однесена на 30-ти јануари, но решението од судот, според дописот од семејството, Богоевски го примил многу подоцна. Бидејќи во одлуката стои дека за осум дена треба да се јави во затвор, Боговски одлучил да заврши неколку приватни обврски и во вторник последниот ден сам да се јави на капијата во Идризово.
„Имено, на 19.02.2015, во доцните вечерни часови, Слободан Богоески беше приведен од полицијата откако кривичниот совет при Основниот суд Скопје I на 16.02.2015 година му го достави решението со кое ја одбива жалбата поднесена од Слободан Богоески за одложување на извршувањето на санкцијата од здравствени причини и го задолжи во рок од 8 дена по правосилноста на решението да се јави во затворот во Скопје. Целокупната постапка сега се води пред Врховен Суд на Р.Македонија. Тоа значи дека доколку Врховниот Суд не одлучеше поинаку, тој на 24.02.2015 год. ќе се јавеше на издржување“, се наведува во дописот.
Се вели дека за семејството е неразбирлива „итноста од страна на судот непосредно пред настапот на 24Вести да биде уапсен и брутално спроведен во затвор“.
„Против Слободан Богоески се води судски процес од април 2013 година без постоење на елементи за кривично правни основи. Во постапката ниту се утврди злоупотреба на службена положба, ниту има оштетен, ниту пак било каква основа за наводно перење пари. Се работи за чисти договорни облигациони односи, кои на барање на Јавно Обвинителство се трансформирани во кривично – правен процес, се со цел да се обезбеди финансиска корист на компанија од Кипар, а која воспостави блиски односи со претставници на извршната власт“, се додава.
„Повеќе од јасно е дека од денот на поднесување на кривичната пријава против него па сé до вчера е вршење невидена одмазда – притисок од страна на претставници на извршната власт врз судот”, пишува во писмото на Богоевски.
Слободан Богоевски е осуден за финансиски малверзации за случајот „Агент“. На судењето тврдеше дека во обвинителниот акт не пишува дека некој е оштетен, а и никаде не пишува кој и за колку пари. Појасни дека 240 докази бил собран материјал, кој укажувал на дејства што не се кривични дела.
За случајот „Агент“, Богоевски, адвокатот Владо Пешликоски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валич, се осудени на две години затвор, а три години за финансиски малверзации доби адвокатот Васко Томановиќ.
Богоевски, поминаа осум месеци во притвор, а оттаму излезе минатата година, по донесувањето на првостепената пресуда. Богоевски и останатите осудени ја чекаат одлуката на Врховен суд, каде ја обжалија второстепената одлука.
Обвинетите, покрај казната затвор, треба да платат отштета околу 950.000 евра, средства кои, според пресудата, се смета дека се стекнати со дејство на кривичните дела злоупотреба на службената положба и перење пари./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.