Црна хроника
Братоубиство во Алдинци, го тепал брат му со секира и цевка до смрт
Жителот на крушевското село Алдинци кој беше најден мртов пред семејната куќа, го убил неговиот брат.Тој е осомничен и за напад на четиринаесетгодишно дете кое се здобило со повреди, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Прилеп.
Осомничениот се товари дека со умисла на свиреп начин го лишил од живот неговиот брат, напаѓајќи го најпрвин со секира со дрвена рачка во нивната семејна куќа, а потоа продолжил да го удира во пределот на главата со метална водоводна поцинкувана цевка додека не го усмртил.По извршеното убиство, осомничениот се упатил кон куќа во непосредна близина каде што со истата метална водоводна цевка се обидел да лиши од живот едно 14-годишно дете, но притоа бил спречен од соседите кои го фатиле. Детето со телесни повреди е пренесено во болницата во Прилеп каде му е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот од надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(30) и Н.Б.(41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.