Црна хроника
Бугарки ограбувале патници во автобуси на ЈСП Скопје
Две Бугарки се протерани од Македонија откако биле фатени како крадат од патниците во автобуси на ЈСП Скопје.
СВР-Скопје, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против С.Ш.Г. (25) и Р.С.Д. (23), бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела “џепна кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 12.000 денари.
Од страна на судија на претходна постапка на истите одредена им е мерка една година затвор, условно за три години, а лицата се протерани и им е забранет влез во РМ во времетраење од 10 години.
Првото кривично дело Бугарките го извршиле на 15-ти овој месец околу 14,00 часот, во автобус број 7 на ЈСП Скопје кој се движел на релација од населбата Аеродром кон “Рекорд“, на тој начин што ја искористиле гужвата во автобусот и невниманието на оштетената, се доближиле до неа и додека едната се туркала во оштетенaта со цел да и го одвлече вниманието другата со протнување на рака од ташната и го украла паричникот со лични документи, картици и околу 1.300 денари.
Второто и третото кривично дело горепријавените го извршиле на 18-ти овој месец исто така околу 14,00 часот во автобус број 5 на ЈСП Скопје, кој се движел на релација од населбата Аеродром кон “Рекорд“, на тој начин што искористувајќи ја гужвата во автобусот и невниманието на оштетените, се доближиле до нив и додека второпријавената се туркала во оштетените со цел да им го одвлече вниманието, првопријавената со протнување на рака во ташните им ги украла паричниците во кои имале лични документи, траксациони картици, семејни фотографии, пари и други лични предмети.
При извршувањето на второто кривично дело, истите биле забележани од страна на полициски службеници од ОИД-МД Центар и Бит Пазар и откако на автобуска постојка на бул.„Кочо Рацин“ се симнале од автобусот, истите се приведени во ПС ОН „Центар“.
Украдените паричници со потврда им биле одземени и вратени на оштетените. Исто така во ПС ОН Центар извршен бил разговор со пријавените, при што истите во разговорот не сакале да го појаснат начинот на извршување на кривичните дела. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.