Црна хроника
Бугарките што крадеа низ скопски Центар протерани доживотно од државата
– фото илустрација
Две Бугарки се осудени на една година затвор со три години условно, како и доживотно протерување од Македонија заради кражби извршени на подрачјето на скопската општина Центар.
Две Бугарки се осудени на една година затвор со три години условно, како и доживотно протерување од Македонија заради кражби извршени на подрачјето на скопската општина Центар.
Кривичните дела, пријавените Б.Б.И.(33) и Г.Д.Н.(41), државјанки на Р.Бугарија, ги извршиле во попладневните часови на подрачје на Центар (првото дело е извршено во бутик, а останатите две дела се во автобус), на идентичен начин, односно искористувајќи го невниманието на оштетените и гужвата околу нив со протнување на рака во нивните чанти ги одземале нивните паричници. Од страна на полициските службеници истите биле забележани и лишени од слобода. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.