Црна хроника
Булдожер усмрти момче од Челопек
Булдожер на градилиште удрил во младо момче кое од ударот било усмртено.
Башким Д. На возраст од 24 години, од тетовско Челопек, загинал при изведување на градежни работи во близина на Кичево. Имено, додека изведувал градежни работи на пат во близина на кичевско Бачиште, Башким бил удрен од булдожер, а градежното возило удрило уште едно лице. Двајцата биле итно префрлени во болница, каде Башким им пдгледнал на повредите, а второто лице, според информациите се наоѓа во критична состојба и лекарите се уште се борат за неговиот живот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.