Црна хроника
Четиригодишно дете повредено во сообраќајка кај Струмица
Четиригодишно дете било тешко повредено во сообраќајка што се случила во петокот наутро кај селото Банско, струмичко.
Четиригодишно дете било тешко повредено во сообраќајка што се случила во петокот наутро кај селото Банско, струмичко.
Сообраќајката се случила во осум часот, кога се судриле автомобил марка „голф“ со струмички регистарски таблици, управувано од триесет и тригодишен возач и автомобил „застава 128“ исто така со струмички регистарски ознаки управувана од триесет и деветгодишен возач.
Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобило дете, сопатник во „128“ родено 2011 година, и од струмичката болница било префрлено во Ургентниот центар.
Се испитуваат причините за несреќата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.