Контакт

Црна хроника

Четворица адвокати и извршител меѓу уапсените во Западна Македонија – ВИДЕО

Објавено пред

Четворица адвокати и еден извршител се меѓу петнаесетмината уасени во Западна Македонија за сторени кривични  „злосторничко здружување“, „изнуда“, „лихварство“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Полицијата информира дека трага по уште четири лица поврзани со криминалната група.

dobivaj vesti na viber

Во среда, во рамки на оперативната акција на МВР со име „Чекан“, за сузбивање на организирана криминална група која дејствувала на подрачјето на западна Македонија, е поднесена кривична пријава против 19 лица: Ф.А.(49), А.M.(51), И.А.(44) ,Ф.М.(54), Р.С.(44), Ј.С.(24), Ф.С.(22), Ф.М.(27), A.З.(35), М.С.(25), И.М.(44), А.И.(34), Ф.Х.(56), М.А.(38), Х.И.(32), М.И.(43), И.Б.(43) Н.М.(41) сите од Гостивар и В.Ј.(50) од Скопје. 

Меѓу нив осомничени се и четири адвокати и еден извршител, освен физичките кривично ќе биде гонето и едно правно лице, Друштво за угостителство, туризам трговија и услуги  “Голден Плаце ММ”,  ДООЕЛ-с. Маврово, чиј сопственик и управител е пријавената сопруга на првопријавениот организатор на групата. 

Криминалната група организирана од страна на петтемина првосомничени, започнала да делува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на општина Гостивар. Адвокатите и извршителот на организаторите им укажувале помош со изработка на фиктивни и други договори и документација. 

Мотивот на криминалната група бил стекнување на противправна имотна корист од извршените кривични дела, а така стекнатата имотна корист ја пуштале во легалниот платен промет, за што користеле голем број на сопствени фирми, банкарски сметки, вложувајќи во недвижности и во превозни средства, стекнување на недвижен имот, како и давање на незаконски позајмици на физички и правни лица, притоа пресметувајќи им високи-лихварски месечни камати. За враќањето на позајмиците бил вршен притисок при што користени се сериозни вербални закани и физички напади врз оштетените. 

Организаторите на криминалната група со повеќе лица од Гостивар меѓу кои и сопственици на фирми, стапувале во должничко доверителски односи давајќи им различни суми на девизни парични средства како позајмици со лихварски камати од 8-20 % месечно, па откако ќе ги довеле во неликвидна економска состојба, им упатувале сериозни вербални закани, вршеле физички напади, а потоа ги терале да склучуваат фиктивни нотарски и адвокатски договори кои ги составувале адвокатите. Со вака склучените договори за купопродажба на недвижен имот или возила на неколку лица од Гостивар и околината, им го присвојувале нивниот недвижен имот или нивните возила, или со помош на извршителот покренувале и спроведувале постапки за извршување врз имотот на оштетените. 

Од превземените мерки и активности преку финансиска анализа полицијата утврдила дека прво пријавениот, како главен организатор на криминланата група, успеал да пушти во оптек вкупно  862.298 евра за кои знаел дека се прибавени со казниво дело, но со цел да ја прикрие нивната локација, движење и сопственост ги користел сите сметки на негово име, како и жиро сметките од правното лице “ГОЛДЕН НАЈТ”. Од останатите извршени финансиски анализи за пријавените физички и правно лице се утврдило дека постои основано сомневање дека го сториле и кривичното дело „перење на пари и други приноси од казниво дело“, претворајќи ги криминално стекнатите пари во недвижни и движна  сопственост. 

Утринава, биле извршени претреси на вкупно деветнаесет локации во Гостивар. 

При спроведувањето на претрес на една од локациите, едниот од приведените пукал со огнено оружје кон полициските службеници. 

До моментов во постапка за одземање се 20 возила, околу 43.510 евра, 12.080 швајцарски франци и 239.850 денари, четири пиштоли без дозвола, една ловна пушка, околу 60 куршуми, нож, боксирач, три рамки за пиштол, седум мобилни телефони, 11 СИМ картички, договори и предмети поврзани со оштетените лица, повеќе договори за заем на парачни средства, а утврдено е кривично дело кражба на струја. 

Во моментов приведени се вкупно 15 од кривично пријавените лица, за две лица од извршените проверки полицијата утврдила дека ја имаат напуштено територијата на Македонија, најверојатно поради приватни причини, а по две лица  сè уште се трага. 

Кривично пријавените лица во текот на денов ќе бидат спроведени пред Основниот Суд Скопје 1 Скопје.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Се трага по 86-годишно лице од Скопје

Објавено пред

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола

Објавено пред

На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Објавено пред

Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.

dobivaj vesti na viber

Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија4 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија4 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија4 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија9 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија9 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија10 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија13 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија14 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет15 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет16 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија16 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија16 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет16 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет16 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет17 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...