Црна хроника
Четворица кумановци извршиле разбојништво врз Сириец
Кумановската полиција поднесе во четвртокот кривични пријави против четворица жители на Куманово, на возраст од 18 до 48 години, поради вооружен напад и ограбување на сириски државјанин при негов обид од Македонија да замине во Србија.
Инцидентот се случил во вторникот кога кумановците на железничкиот граничен премин „Табановце“ го сретнале 31-годишниот државјанин на Сирија и му понудиле за сума од 50 евра да го превезат во Србија.
Двајца заедно со Сириецот влегле во автомобил и се упатиле кон селото Шупли Камен. Во еден момент двете лица почнале да му кажуваат „проблем, легни“ по што тој ги забележал другите две лица како со мотоцикл се доближуваат до возилото од кои едното со маска на лице и со пиштол во рака.
Откако го извлекле од возилото, тројца од нив почнале да го удираат и да му бараат пари при што му одзеле 1.200 евра во различни апоени, два мобилни телефона и ранец во кој имал вреќа за спиење и лична гардероба, во износ којашто вкупно се проценува на 100.000 денари, или околу 1.600 евра. Исто така, несреќниот Сириец се здобил и со повреди на глава и тело.
Двајца од напаѓачите, кои полицијата ги идентификува со иницијалите И.В и М.М. се спроведени до Основнот јавно обвинителство Куманово за што од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека Г.П. и М.Л. се во бегство и полицијата трага по нив./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.