Црна хроника
Четворица повредени во пожар во тетовскиот затвор
Четворица затвореници се полесно повредени во пожар што избувнал во четвртокот вечерта во тетовскиот затвор.
Тие вдишале одредена количина чад, но по укажаната помош во Клиничката болница, вратени се назад во затворот. Во гаснењето на пожарот биле вклучени две возила и шест пожарникари.
Брзата интервенција на противпожарните екипи спречила поголема катастрофа, со оглед на тоа што пожарот избувнал во подрумските простории, каде бил системот за затоплување.
Пожарникарите при гаснењето забележале поголема количина нафта на подот, но успеале да спречат огнот да се прошири. Од превентивни причини во дел од затворот била исклучена струјата од превентивни причини.
Од Управата за извршување санкции велат, дека состојбата во затворот е нормализирана и нема поголема материјална штета.
Увидот е завршен, а екипите работат на целосно утврдување на причините за пожарот./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.