Црна хроника
Четворица во притвор односно затвор од акцијата „Лотос”
На двајца им е одреден притвор од 30 дена, еден е в затвор за друго дело поврзано со дрога, а четвртоиот е во притвор за претходно најдена 20 килограми марихуана кај него.
На двајца им е одреден притвор од 30 дена, еден е в затвор за друго дело поврзано со дрога, а четвртоиот е во притвор за претходно најдена 20 килограми марихуана кај него.
Ова е епилогот од вчерашната акција за сузбивање на мрежа за дистрибуирање дрога во Македоија.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судот му предложи определување на мерка Притвор за двајца од осомничените и тоа Б.Х и А.М. Предлог беше прифатен од судот и со Решение на осомничените им е определен притвор во времетраење од 30 дена. Другите двајца осомничени веќе беа со изречена казна односно мерка и тоа лицето С.А. е на издржување на казна затвор за друго сторено кривично дело исто така поврзано со наркотични дроги. Осомничениот Д.Б. е во притвор произлезен од друг претходен предмет, по неговото неодамнешно лишување од слобода откако му беа пронајдени дваесетина килограми марихуана, соопштија од Обвинителство Осомничени се лицата Б.Х. роден 1976 година кој бил организатор на мрежата препродавачи на дрога, С.А. роден 1989 година, А.М роден 1969 година и Д.Б. роден 1962 година кој ја препродавале дрогата на трети лица. Оваа група на дилери на дрога, сите од Велес, работела на поширока територија на државата, па се очекува поголем број на постапки кои ќе се спроведуваат против осомничени лица и од страна на надлежните основни јавни обвинителства.Истрагата продолжува во насока на разоткривање на случајот и прибирање на доказите во предметот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.