Црна хроника
Чичко сексуално злоставувал и и се заканувал на внуката
Девојка од Кочани во локалната полиција пријавила дека нејзиниот чичко сторил полови дејствија врз неа при што употребил сила и и се заканувал со нож.
Девојка од Кочани во локалната полиција пријавила дека нејзиниот чичко сторил полови дејствија врз неа при што употребил сила и и се заканувал со нож.
Во саботата во утринските часови во полициската станица во Кочани, 21 годишна граѓанка, пријавила дека истиот ден околу 03,00 часот во соба влегол нејзиниот чичко, брат на нејзиниот татко, Д.В.(1991) од Кочани и со употреба на сила и закана со нож, дека ке ја нападне нејзе и нејзините малолетни деца и дека ке ги заколе, сторил полови дејствија со неа, односно ја принудил да го допира по неговиот полов орган.
Во 09,20 часот Д.В. е приведен во ПС-Кочани, обавен е разговор и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Кочани и подигнати се траги од лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.