Црна хроника
Чувар во скопскиот затвор примал поткуп
Oдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето 22-годишниот М.К. од Скопје, вработен како помлад надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.
Oдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето 22-годишниот М.К. од Скопје, вработен како помлад надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.
Имено пријавениот искористувајќи ја својата службена положба со намера да се стекне со противправна имотна корист, примил ветување за награда–поткуп од засега неутврдена вредност од лицето Н.А. (татко на притворено лице) за да изврши службено дејствие кое не смее да го изврши односно на притвореното лице Ш.А. (син на Н.А.) да му предаде телефонски апарат кој притворените лица не смеат да го имаат, соопштуваат од МВР.
За таа цел М.К. остварил средба со Н.А. од кој превзел еден телефонски апарат при што на 5-ти август пријавениот превзел и конкретни дејствија на извршување на кривичното дело, со тоа што неовластено во забранетиот дел од затворот го внел телефонскиот апарат со намера да го предаде на притвореникот Ш.А.
Истиот ден околу 1 часот од страна на претпоставени лица од КПУ „Затвор Скопје“- Скопје извршена била контрола и кај М.К. биле пронајдени два мобилни телефонски апарати и банкнота во апоени од 50 евра, при што истиот бил приведен. Од страна на судија на претходна постапка, и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.