Црна хроника
Чувар во затворот „Идризово“ нападнат од затвореник
Во средата, затвореник со нож нападнал чувар во затворот „Идризово“, при што му нанел повреди на десното рамо и му го расекол палецот.
Имено, во средата во, 23.30 часот С.В. пријавил дека во КПУ „Идризово„ чуварот Г.Ф. бил нападнат со нож од осудено лице Р.С. при што се здобил со телесна повреда во пределот на десното рамо и расекотина на десната рака-палец. Чуварот бил пренесен во Ургентниот центар-Скопје за санирање на повредите, а потоа бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.