Црна хроника
Десетгодишник од Тетово повреден со прачка во главата
Двајца малолетници од Тетово нападнале десетгодишник со метална прачка и му нанеле повреда на главата.
Детето во понеделникот попладне било донесено во Клиничкиот центар Тетово со фрактура на задниот дел од главата.Поради карактерот на повредите малолетникот бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Напаѓачите се идентификувани и со нив е извршен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.