Црна хроника
Десетмина осудени на затвор, 48 со условни казни на повтореното судење за „Змиско око 1“
Десет лица се осудени на затворски казни, 48 обвинети со условни казни, а петмина беа ослободени на повторениот процес за случајот „Змиско око 1“.
Казните затвор се движат од од две до четири години за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување. Четириесет и осум обвинети за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување добија условна осуда од 2 години казна затвор која нема да се реализира доколку во следните 5 години не сторат ново кривично дело. Тие се ослободени од кривичното дело злосторничко здружување.Петмина обвинети се ослободуваат од обвинение. Обвинетите се задолжени да ја надоместат штетата на Агенцијата за државни патишта во износ од 2,7 милиони евра.Во акцијата Акцијата „Змиско око 1“ беа приведени 72-ца вработени во ЈП „Македонија“ пат во 2007 година. Според обвинението инкасантите на наплатните рампи здружени во група проневериле милиони евра со тоа што на патниците им наплаќале половина од цената, а парите ги присвојувале за себе.На останатите обвинети во овој случај им се суди во одвоена постапка./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.