Црна хроника
Дете и дедо прегазени со трактори
Едно дете и еден дедо, во две одделни несреќи, биле прегазени од трактори, кои сами ги управувале.
Имено, во неделата, околу 15 часот во село Гарани, кичевско, во дворот од сопствената куќа, дванаесетгодишно момче било прегазено од трактор „ИМТ 547“. Во моментот кога го стартувало тракторот, со цел да го помести, тој тргнал и со левото тркало поминал преку неговото тело. Со возило на Итна медицинска помош, момчето е пренесено во Медицински центар – Кичево каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на десна нога и нагмечување по телото), по што поради сериозноста на повредите е префрлено во Ургентен центар – Скопје.Истиот ден, околу 18.20 часот во Скопје, во атарот на село Ајватовци, Ј.Б.(81), орајќи ја нивата со трактор „ИМТ 533“ се лизнал и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди. Во моментот кога Ј.Б. се симнал од тракторот, тракторот се придвижил и со намера да се качи на него, дедото се лизнал и паднал. Пренесен е во болницата „Св.Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се тешки телесни повреди (фрактура на граден кош и внатрешно крварење) и се наоѓа во животна опасност./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.