Црна хроника
Дeца запалија бездомник во Нови Сад
Новосадската полиција во средата идентификувала три момченца на 12-годишна возраст, кои се осомничени дека во раните утрински часови запалиле 64-годишен бездомник во Нови САД, кој по неколку часа починал поради тешките изгореници, пишуваат војводинските медиуми.
Според извештаите, двете момчиња кои се идентификувани како најверојатни сторители на несфатливото злосторство имале родители, а едното е сместено во институција за незгрижени деца.
На несреќниот маж, кој со пријател лежел зад месарница во центарот на Нови Сад, огнот му зафатил 90 отсто од телото.
Весниците пишуваат дека едното од момчињата во друштво на двајцата пријатели „од забава“ запалило весници и ги фрлило врз бездомникот прекриен со стари прекривки и крпи, кои веднаш пламнале.
„Само од забава ги запалив весници и ги фрлив на него, немав намера човекот да изгори“, рекло во полициската станица детето кое го запалило бездомникот.
Се додава дека децата прво сакале да ја украдат инвалидската количка која била крај бездомниците, но се откажале бидејќи овие ги забележале. Потоа најмладото од нив земало неколку весници, ги запалило и ги фрлило врз едниот од бездомниците,
Полицијата потврди за медиумите дека сторителот е идентификуван и дека со него бил извршен разговор, но дека дванаесетгодишникот не подлегнува на кривична одговорност и е пуштен од полициската станица. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.