Црна хроника
Девојче прободено со нож во тетовско
Тринаесетгодишно девојче е повредено со нож откако претходно било нападнато од четворица малолетници.
Како што соопшти полицијата, во саботата околу 19,40 часот во КБ-Тетово, било донесено повредено девојче на возраст од 13 години од село Милетино-тетовско, со убодна рана од остар предмет во пределот на стомакот, по што и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била пренесена во УЦ-Скопје. Извршен бил разговор со девојчето и констатирано е дека истата била нападната од четири малолетници, меѓу кои и еден 12 годишен малолетник од тетовското село Желино. Во ПС-Тетово извршен е разговор со малолетното лице во присуство на родител и истиот кажал дека најпрвин девојчето го удрила со клоца во пределот на нозете, а потоа тој со ножот ја прободел и избегал од местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.