Црна хроника
Девојка ограбила Кинези со кои живеела како потстанар во Свети Николе
Цимерка од Ерџелија, ограбила Кинези што го градат автопатот кон Миладиниовци. Таа заедно со нив, неколку месеци ја делела куќата во Свети Николе каде сите живееле како потстанари, пренесува ТВ „Стар“ од Штип.
Ова на 29-годишната жена од Ерџелија и дало можност да стане човек од доверба на Кинезите, па тие често ја оставале вратата од балконот што го делеле со цимерката незаклучена. Токму низ неа, таа влегла во нивната соба и детално ги проверила фиоките, но и џебовите од панталоните на „гастарбајтерите“ од Кина.Нашла неколку паричници и вкупно 22.600 денари во нив и сите си ги зела за себе. Кинезите, случајот го пријавиле во полиција, а истрагата како одговорна ја посочила цимерката, поради што на неа и е поднесена кривична пријава за кражба. Освен без пријатели од Кина, младата жена сега ќе остане и без соба во куќата, зашто освен себе, пред Кинезите го извалкала и образот на газдите, пренесува ТВ „Стар“. /крај/твстар
Извор: ТВ Стар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.