Црна хроника
Девојка уценувана и присилувана на проституција
Девојка на возраст од 27 години неколку месеци била уценувана и била присилувана да се проституира, соопшти МВР.
Против четириесет и седумгодишен скопјанец кој претходно бил кривично гонет за кражби, измами, силување, фалсификување е поднесена кривична пријава и за посредување во вршење на проституција.
Скопјанецот ја ангажирал девојката за делење на рекламен материјал и откако имале сексуален однос, тврдел дека има снимки од чинот, ја уценувал и ја присилувал на секс.
„Подоцна ја вработил во негов колонијал и врз основа на закани дека ќе ги покаже видео снимките од сексуалниот чин на нејзините блиски, а воедно прикажувајќи и дека ќе ја заштити од трето лице кое има намера да ја грабне и силува, во наведениот период со употреба на сила и сериозни закани ја врбувал и потикнувал оштетената да дава сексуални услуги на клиенти, во стан кој бил во сопственост на неговиот брат. За услугите биле наплаќани парични средства во висина од 1.000 до 2.000 денари. По извесно време, кога оштетената сакала да се откаже од давањето сексуални услуги, пријавениот физички ја нападнал нанесувајки и повреди по целото тело“ соопштуват од МВР.
Девојката го пријавоила во полиција, по што при претрес во неговиот дом полицијата нашла докази, а на разговор биле повикани и другите лица инволвирани во протитуцијата./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.