Црна хроника
Директорката на ОУ „Коле Неделковски“ не сака конкуренција
Актуелната директорка на ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје не сака конкуренција за позицијата па обвинета е дека ги `уништувала` документите на другиот кандидат пријавен за директорската позиција во училиштето.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.А. (58) ОД СКОПЈЕ, поради постоење основи на сомневање дека во текот на јануари годинава сторила кривично дело “фалсификување или уништување на деловни книги“.
Имено, по распишан јавен оглас во дневни весници за избор на директор на ООУ „Кoле Неделковски“ Скопје, во траење од пет работни дена од страна на Училишниот одбор била формирана Комисија за разгледување на пристигнати документи по Огласот.
Комисијата за разгледување на пристигнатите документи по Огласот се состанала при што била разгледувана само една молбата со останатата приложена документација на единствениот кандидат кој се јавил на јавниот Оглас – актуелниот директор на училиштето и по разгледување на поднесената документација, Комисијата констатирала дека кандидатот ги има приложено сите потребни документи и ги исполнува условите, согласно јавниот Оглас и даден е предлог кандидатката да биде повикана на интервју, како би продолжила постапката за избор и именување на Директор а сето ова е записнички констатирано и заведено до деловодната книга.
Но, неколку дена порано друг кандидат ги доставил документите по пошта со препорачана пратка со датум во рокот за оглас и истата во горенаведеното училиште е заведена со деловоден број од 05.01.2016 година или еден ден по состанокот на Комисијата.
Затоа повторно се состанала Комисијата при што биле разгледувани двете молби, и притоа за документацијата доставена од вториот кандидат констатирано било дека истата е некомплетна, дека кандидатот – актуелниот директор на училиштето ги исполнува условите за избор на директор.
Но, неколку дена подоцна Училишниот одбор констатирал дека документите не треба да му се вратат на апликантот, затоа што тоа не е нивна обврска и дека според законските прописи кои ја регулираат сферата на образованието, не е потребно кандидатот да поседува документ за познавање на македонскиот јазик и кирилското писмо, како и дека со ниеден законски пропис не е предвидено дека кандидатот мора да стави свој потпис на Молба и биографија.
Сепак пријавената Љ.А. како службено лице – технички секретар во ООУ „Коле Неделковски“ три дена претходно, со Ин пошта – сигурна пошта, како експресна пратка му ја вратила документацијата на вториот кандидат на негова домашна адреса. Покрај останатата документација, на одбиениот кандидат му било доставено Известување заведено со деловоден број, наводно потпишано од четворица членови на Комисијата, со кое го известуваат дека е одбиен на Огласот поради некомплетна, односно непотпишана документација, без можност да се изврши исправка на истата.
Одбиениот кандидат сомневајќи се во валидноста на Известувањето (потписите на членовите на Комисијата се копирани и пренесени најверојатно од друг документ) доставил известување со приговор. Градоначалникот на Општина Центар доставена е пријава до СВР Скопје. По добивањето на документацијата и извршените разговори со инволвираните лица во случајот, констатирано е дека еден од потписите на известувањето до одбиениот кандидат не е даден од член на Комисијата. Исто така во разговорот со одбиениот кандидат евидентирано е дека молбата, кратката биографија и програмата за работа приложени во документацијата – на одбиениот кандидат биле своерачно потпишани од негова страна./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.