Црна хроника
Директорот на затворот бара отпуштање на Кежаровски
Директорот на КПУ Затвор Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, 20.01.2015, поднесе барање за условен отпуст на осудениот Томислав Кежаровски, стои на страната на судот.
Директорот на КПУ Затвор Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, 20.01.2015, поднесе барање за условен отпуст на осудениот Томислав Кежаровски, стои на страната на судот.
Повеќе информации ќе има откако Судот ќе го разгледа барањето, се дообјаснува во објавата, а некои медиуми јавуваат дека тој е пуштен од затворот, со напомена да се јави во затворот на 18 февруари.
Претходно, Апелациониот суд ја преиначи првостепната пресуда за новинарот Томислав Кежаровски од 4,5 на две години затвор. Истиот ден, вечерта, тој беше спроведен од куќниот притвор на олежување на казната во затвор.
Таа постапка беше осудена од новинарите во земјава и странство како и од многу здруженија.
За денеска е закажан протест пред Апелационит суд.
Кежаровски беше уапсен во акцијата „Ликвидација“ во мај 2013 година, под обвинение дека објавил име на заштитен сведок во случајот со убиството во Ореше. Прво беше во притвор во затворот во Шуто Оризари, кој подоцна му беше заменет со домашен притвор. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.