Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ограбени две цркви во Чучер Сандево

Во текот на вчерашниот ден пријавени се кражби во црвката „Св. Меркуриј“ во селото Мирковци и во манастирот „Св. Никита“ во селото Горњани, кои се дел од општината Чучер Сандево.
Првата кражба во Мирковци е извршена во периодот помеѓу 3 и 5 декември од страна на неколку лица.
Од полицијата информираат дека одземени се предмети и огревни дрва.
Кражбата во манастирот во селото Горњани се случила во периодот помеѓу 4 и 5 декември од страна на едно лице, кое одзело пари.
МВР вели дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Скопјанка го пријавила зетот дека се обидел да ја силува

Дваесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила дека во станот во кој живеат сестра ѝ и зет ѝ, зетот се обидел да изврши обљуба врз неа.
Според пријавеното, сестрата во моментот не била во станот.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обвинение за извршител на четири кражби на дрзок начин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за четири тешки кражби од чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 18 ноември на автобуската станица на Зелен пазар во Скопје на дрзок начин од една оштетена одзел златен синџир во вредност од 25.000 денари, така што се доближил до неа и ѝ го скинал од вратот. Потоа на 28 ноември на Камен мост од увото на една оштетена со рака скинал златна обетка вредна 15.000 денари, на 1 декември во близина на хотелот „Арка“ на ист начин одзел златна обетка вредна 6.000 денари, а на 3 декември кај Зелен пазар од увото на една оштетена скинал обетка вредна 10.000 денари.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци