Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во камион на струмичанец пронајдени 19 мигранти од Авганистан и Пакистан

На магистралниот пат Штип – Велес, кај местото наречено Три Чешми, утрово полицијата уапсила струмичанец кој со камион „нисан“ превезувал 19 мигранти од Авганистан и Пакистан.
Претходно, возачот не застанал на знакот за запирање од полицајците и се обидел да побегне, но набргу потоа возилото било запрено и струмичанецот бил уапсен.
По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава за тетовец кој крадел пари од домот на својот татко

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 25-годишник од овој град, кој се товари за кривично дело тешка кражба.
Како што информираат од МВР, пријавениот во периодот од 15 септември до 6 октомври годинава, со нагоден клуч извршил тешка кражба во куќата на својот татко во село Јанчиште и одзел пари.
Црна хроника
Едно лице загина при пожар во барака во Скопје

При интервенција на противпожарната единица од Скопје за пожар во барака на скопската улица „Кнез Трпимир“ било пронајдено тело на едно лице.
Како што информираат од МВР, пожарот бил пријавен во попладневните часови на 4 декември, во барака во сопственост на 71-годишен скопјанец. При интервенцијата на пожарникарите, кои успеале да го изгаснат огнот, било пронајдено безживотното тело.
Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт, а телото било предадено за обдукција.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги1 месец
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“