Контакт

Црна хроника

Домашен притвор за возачот што прегази девојче

Објавено пред

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.

 

 

Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

 

Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.

Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.

 

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.

 

Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Скопјанец нападнат во Центар: му го удриле автомобилот, па го нападнале со дрвени предмети

Објавено пред

Маж со своето возило удрил во паркиран автомобил по што сопственикот на паркираното возило бил и физички нападнат. Ова се случувало синоќа во Центар, а од полицијата информираат дека оштетениот и оној што го предизвикал судирот се знаеле од претходно.

„Вчера, во 19.30 часот, во СВР Скопје, Н. Р. (31) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде што бил паркиран со патничко возило ‘мерцедес’, со скопски регистарски ознаки, бил удрен од патничко возило ‘фолксваген пасат’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Ш., со кого се познавал од претходно. Според пријавеното, подоцна бил и нападнат со дрвени предмети од две лица што биле во возилото“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец ја нападнал својата девојка и ѝ се заканувал

Објавено пред

Дваесет и осумгодишен скопјанец физички ја нападнал својата девојка и  ѝ се заканувал.

Случајот во полицијата го пријавила девојката.

„На 30.11.2021, во 23.30 часот, во СВР Скопје, 23-годишна жителка на Скопје пријавила дека на 25.11.2021 и на 30.11.2021, околу 16.30 часот, во с. Волково, Скопско, по претходна расправија, била физички нападната од Ф. Ј. (28), со кого била во љубовна врска и ѝ биле упатени закани“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Полицаец отстранет од работа, на „Табановце“ пуштил лице без ковид-сертификат

Објавено пред

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полицаец со иницијали А.Б. од полициската станица за гранични работи Табановце, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Како што информираат од МВР, на 21 ноември во 10:50 часот на граничниот премин Табановце пријавениот при вршење на пасошка контрола одобрил влез на лице кое не поседувало валиден ПЦР-тест или сертификат за вакцинација, при што истиот постапил спротивно на одлуките за заштита на здравјето на населението од Ковид-19.

Против полицискиот службеник изречена е и мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија13 часа

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија15 часа

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет16 часа

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија17 часа

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија18 часа

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија19 часа

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија20 часа

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет21 час

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија22 часа

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија22 часа

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа22 часа

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Македонија1 ден

Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата...

Македонија1 ден

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион2 дена

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет2 дена

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија2 дена

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија2 дена

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ2 дена

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија2 дена

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Досие