Контакт

Црна хроника

Домашен притвор за возачот што прегази девојче

Објавено пред

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.

 

 

Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

 

Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.

Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.

 

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.

 

Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Разбојници фатени при грабеж во трговски центар во Скопје

Објавено пред

Во трговски центар во Скопје денеска напладе полициски службеници од полициската станица Центар уапсиле двајца скопјани со иницијали А.К. и Е.Р, кои биле затекнати при извршување кражба, во која одземале пари од лицето З.С.

Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Разбојниците биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Стружанец се обидел да нападне колешка

Објавено пред

Стружанец се обидел физички да нападне своја колешка, по што ` се заканувал.

Како што информираат од полицијата, тој се сомничи за кривично дело загрозување на сигурноста.

„Мажот во текот на октомври 2021 во Струга се обидел физички да нападне негова колешка, но бил спречен, по што на мобилен телефон ` упатувал пораки со закани“, информираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кавадарчанка подигала пари од туѓа кредитна картичка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишна жена од Кавадарци поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи.

„На 11 номеври во продажен објект во Кавадарци пријавената пронашла кредитна картичка од банка, сопственост на А. М., и без нејзина согласност во повеќе наврати извршила наплати во повеќе продажни објекти во Кавадарци, со што стекнала противправна имотна корист од 13.800 денари“, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа32 минути

По двочасовен разговор заврши видео состанокот меѓу Путин и Бајден

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден вечерва по нешто повеќе од два часа го завршија...

Македонија2 часа

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа3 часа

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Економија6 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија7 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија8 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија8 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа8 часа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија9 часа

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет9 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет10 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет11 час

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет11 час

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ23 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион1 ден

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет1 ден

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион1 ден

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија1 ден

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет1 ден

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија1 ден

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Досие