Црна хроника
Драма на патот кај Велес: Пијан возач следел друг автомобил, удрил во возилото, па се заканувал
Полицијата приведе 37-годишен жител на Велес по инцидент на регионалниот пат Чашка–Велес, каде според пријавата агресивно се однесувал кон друг возач, го следел и му се заканувал со остар предмет.
Од МВР информираат дека на 1 мај 2026 година во 17:00 часот бил лишен од слобода Т.Р. (37) од Велес.
Според пријавеното, тој управувајќи автомобил „опел“ со кумановски регистарски ознаки, при претекнување му упатувал закани на А.Ѓ. (28) од Велес, кој управувал „форд“ со велешки таблички.
Потоа го следел, а кога А.Ѓ. застанал со возилото, Т.Р. удрил во неговиот автомобил, го напуштил местото, но кратко потоа се вратил и повторно му се заканил, овојпат со остар предмет.
Предметот бил пронајден и одземен, а полициските проверки утврдиле дека Т.Р. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец пријавил дека малолетници му ја ограбиле и ја уценувале ќерката во Чаир
Четириесетгодишен скопјанец вчера во полиција пријавил дека неговата 16-годишна ќерка била ограбена и уценувана од група малолетници на подрачјето на општина Чаир.
Според пријавеното, настанот се случил на 7 мај околу 08:00 часот наутро. Неколку малолетници со закана со остар предмет пресретнале 16-годишна тинејџерка и ѝ одзеле пари. Освен грабежот, ја уценувале и дека ќе мора повторно да им даде пари во текот на наредните денови.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата се преземаат сите неопходни мерки од страна на надлежните служби за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Сообраќајка во Охрид: Млад возач со 1,61 промил алкохол во крвта излетал од пат
Дваесет и двегодишен охриѓанец е тешко повреден откако рано утринава со своето возило излетал од коловозот во Охрид, управувајќи под дејство на алкохол.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид, несреќата била пријавена утринава (18.05.2026 година) во 05:25 часот. Настанот се случил на улицата „7 Ноември“ кога патничко возило марка „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р. (22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што е пренесен за укажување лекарска помош.
Од полициските проверки извршени на местото на настанот, било утврдено дека И.Р. го управувал автомобилот под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
18-годишна девојка нападната со остар предмет пред дискотека во Скопје
Осумнаесетгодишна девојка пријавила дека била нападната со остар предмет пред дискотека во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кое употребило остар предмет и ѝ нанело повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
