Црна хроника
Два вооружени грабежи во продавници во Куманово
Два вооружени грабежи во продавници се случиле синоќа во Куманово. Засега нема информации дали се работи за истите кратци иако кражбите се случиле една по друга и во нив учествувале двајца маскирани разбојници од кои едниот вооружен со пиштол.
Првата кражба се случила околу 20.50 часот на улица „Октомвриска револуција“ во Куманово.
Разбојниците влегле во продавницата и со закана од касата одзеле 21.650 денари како и ваучери од ВИП оператор од кои 15-тина во вредност од 200 денари, а 20-тина во вредност од 100 ден, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 26.650 денари.
Втората кражба се случила околу 21.10 часот во продавницата “Спринг Бобан“ лоцирана на ул.”Народна Револуција” во Куманово. Две маскирани лица од кои едното со пиштол влегле во продавницата и со закана со оружје од касата во одзеле 24.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биле каснати од куче скитник во текот на вчерашниот ден, извести МВР.
На 28.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч.(34) од с.Катланово, скопско, пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Во судир помеѓу „бмв“ и мотоцикл тешко повреден 23-годишник од Скопје
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат село Сарај–село Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ф.Ќ. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, во неа удрил „опел“
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано 38-годишниот Ј.К. од село Марино, општина Илинден, удрило во пешакот, 64-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.