Црна хроника
Дваесетгодишен охриѓанец загина во сообраќајката кај Лагадин
Дваесетгодишниот Тони Т. од Охрид загина во сообраќајката што се случи во вторникот попладне околу 15 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум кај Лагадин.
Момчето, кое било сопатник на мотоциклот, почина синоќа во болницата „Свeти Еразмо“ во Охрид, додека другото повредено момче, седумнаесетгодишен охриѓанец, кој го возел мотоциклот, се здобил со тешки повреди и е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.Возачот изгубил контрола над мотоциклот кој го управувал по регионалниот пат од Лагадин кон Охрид, и директно удрил во предната лева страна од автомобилот „форд мондео“ кој се движел од спротивната насока. Тешката сообраќајна незгода се случила на дел од патот каде гледано во правец кон Охрид има кривина во десно и каде мотоциклот, движејќи се кон Охрид, преминал на спротивната лева сообраќајна лента и директно се удрил во предниот лев дел од патничкиот автомобил.На местото на настанот, во времето од 15 часот до 16.30 минути извршен е увид поради што сообраќајот до двете насоки беше во прекин.По наредба на јавен Обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и вештачење врз патничкото моторно возило и мотоциклот./крај/мф/ффс
Извор: фото Ohridnews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.