Црна хроника
Дваесетгодишна девојка се обидела да се обеси, починала во болница
– фото илустрација
Дваесетгодишна девојка починала во болница откако претходно се обидела да се самоубие со бесење.
Дваесетгодишна девојка починала во болница откако претходно се обидела да се самоубие со бесење.
Како што соопшти полицијата, во сабота околу 13,20 часот од страна на ГОБ „Св.Наум Охридски“-Скопје во ЕИК пријавено било дека кај нив околу 10,00 часот била донесена Самра Л. (20) која била донесена во тешка здравствена сосотојба по обид да изврши самоубиство со бесење. По неуспешна реанимација истата починала. Увид извршила екипа од СВР-Скопје, а по наредба на ЈО телото на починатата е предадено на Институтот за Судска Медицина за обдукција. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.