Црна хроника
Двајца Косовци тешко повредени во сообраќајка на патот Скопје – Блаце
Двајца косовски државјани се тешко повредени, а четворица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот во 15.30 часот на магистралниот пат Скопје- Граничен премин Блаце.
Во несреќата се судриле два автомобили „опел астра“ и „фолксваген голф“ со косовски регистерски ознаки. Еден сопатник од „опелот“ и возачот на голфот се тешко повредени и задржани во Клиничка болница „Систина“, каде и им биле констатирани тешки телесни повреди и истите биле во животна опасност. Останатите лица, кои биле во возилата, по укажаната медицинска помош во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ , биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, извршила увидна екипа од СВР Скопје./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.