Црна хроника
Двајца мотористи и велосипедист тешко повредени во одделни инциденти
Во петокот се регистрирани три сообраќајни незгоди во кои тешко настрадале двајца возачи на мотоцикли и еден велосипедист, соопшти во саботата министерството за внатрешни работи.
Околу 7,40 часот наутро во петокот на локалниот пат за селото Балин дол кај Гостивар, се случила сообраќајна незгода во која 37-годишниот О.Е. од селото Дуф, управувајќи моторцикл „сузуки“ удрил во дрво, при што се здобил со тешки телесни повреди, како фрактура на долни екстремитети и на череп.
По незгодата бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите во неконтактибилна состојба бил пренесен во Ургентниот центар Скопје.
Исто така во петокот, околу 16,50 часот во пробиштипското село Злетово, на земјен пат кај месноста Стари Лозја, 29-годишниот Ј.Ј. (29) од Злетово, управувајќи моторцикл „јамаха“ изгубил контрола и паднал. Притоа се здобил со тешки телесни повреди во вид на скршеница на лева клучна коска и посекотини во пределот на главата. Повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар Штип, каде е задржан на лекување.
Во Струга, во петокот околу 12 часот, на улицата „Владо Малески“ се судриле „цитроенЦ3“ со скопски регистерски ознаки управуван од 74-годишниот Т.Ѓ. од Скопје и велосипед управуван од 72-годишниот В.Т. од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди, фрактура на черепот и левата половина од горната вилица и крварење во главата. се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во Медицнскиот центар во Струга, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде бил задржан на натамошно лекување. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.